Алил Демири и браќата Африм и Агим Исмаиловиќ се обвинети за тероризам, а Фејзи и Хаки Азири за помагање во ова дело, наведе обвинителката Фатиме Фетаи во своите заврши зборови откако го прецизираше обвинението за случајот „Монструм“, кој се однесува на петкратното убиство кај Смилковско Езеро во 2012 година.



За еден обвинет, Сами Љута, таа побара ослободителна пресуда бидејќи нема докази.

Обвинителката Фетаи рече дека Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ по извршувањето на убиствата побегнале од местото на петкратното убиство кај Смилковско Езеро користејќи ја „опел омегата“ и се упатиле на договореното место кај автопатот, во близина на обиколницата, каде што ги чекал обвинетиот Хаки Азири.

Хаки Азири, според обвинението, знаел првично дека тројцата обвинети отишле да извршат некаква работа поради нерасчистени сметки, а потоа откако дознал што се случило, не кажал ништо. Фејзи Азири, пак, потоа помогнал во бегството.