Претставници на светата заедница на Света Гора во недела во Атина ќе учествуваат на митингот за „Македонија“, на кој се очекува да биде изразено несогласување со Договорот од Преспа со кој, како што сметаат организаторите, Грција го продава „грчкото“ име Македонија.
Грчкото светшетнство од Света Гора бара владата во Атина да го слуша грчкиот народ и да организира референдум за ова прашање, пренесуваат медиуми.
Во соопштението од Света Гора до јавноста се вели:
„Светата заедница на Света Гора согласно објавувата од 26 јуни 2018 година, во која го изрази своето противење на потпишаниот Преспански договор, и пред претстојното доставување на Спогодбата до грчкиот парламент, повторува дека признавањето на ‘мкедонскиот јазик’ и ‘македонската националност’ од страна на грчката држава во соседната држава го смета за непочитување на историјата и на вистината.
Од грчката Влада се бара да ја почитува волјата на грчкиот народ со спроведување на референдум пред ратификацијата на Договорот…
Исто така, Светата заедница одлучи да ги испрати своите претставници на протестот кој ќе се одржи во Атина во недела, на 20 јануари, приклучувајќи го гласот на Света Гора на гласотна Грците против планираната ратификација на Договорот“, се вели во соопштението.





