За да не се губат часови, учениците треба за еден час, колку што им е потребно да се вратат во нивните домови, да се приклучат онлајн за да ја следат наставата.
Ова е една од препораките кои ги даде Министерството за образование и наука по зачестените секојдневни закани за наводно поставени бомби во десетици училишта во земјава.
Училиштето да организира учење на далечина односно он лајн настава во деновите кога ќе има заканувачка дојава за бомба, наместо како досега целосен прекин или распуштање на наставата.
Во дописот од МОН до основните и средните училишта се посочени и насоки и начини за користење на електонски адреси, да ја зајакнат контролата за влез/излез во училиштата.
