МОН не се откажува од е-учебници

Министерството за образование и наука (МОН) не се откажува од носењето на целосно нов закон за учебници со кој се воведуваат современи материјали за учење и се нуди можност за дигитализација.



Ги повикуваме граѓаните и родителите да не подлегнуваат на грубите лаги и политички манипулации пласирани во јавност од страна на пратеници од опозицијата, реагираат од МОН.

Пратеникот Антонијо Милошоски денеска за Слободен печат изјави дека министерката Царовска го повлекла законот за дигиталните учебници.

Во интерес на објективно и вистинито информирање на јавноста по координација со Секретаријатот за европски прашања Законот е вратен за да се дополни само делот за усогласување со европските документи, како дел од процесот на усогласување на националното со европското законодавство.

Законот денес е на дневен ред на Влада, по што ќе биде доставен до Собранието,велат од МОН.