Директорите на скопските средни училишта се должни до крајот на првото полугодие да најдат начин да ги надоместат часовите што беа изгубени поради дојавите за поставени бомби во школските објети, велат од Министерството за образование и наука, објави „Слободен печат“.



Од МОН велат дека дојавите за поставени екплозиви се случуваат само во дел од средните училишта, оние што се во Скопје, а не и во другите градови во Македонија, па затоа тие како Министерство нема да дадат насоки како да се надоместат изгубените часови, туку тоа ќе го стори секое училиште посебно, во зависност од тоа колку часови изгубило.

Дојавите за бомби почнаа кон средината на октомври, само денеска имаше дојави во 15 средни училишта ,а до крајот на првото полугодие останаа уште две работни недели.