Владата одржувала вонредни седници за се освен за хаос на небото што може да донесе стотици мртви, анализира новинарот на Заспиј ако можеш Горан Момироски.
Момироски поставува прашање зошто владата веднаш не заседавала на вонредна седница со цел да се реши кризата која ги засега и НАТО.
,,Владата одржувала вонредни седници за сообраќајни несреќи, за помош на странски земји погодени од несреќи, за буџет и други теми ама кога и случува хаос со контрола на небото што може да доведе до пад на авиони и стотици жртви и има последици за целиот европски и НАТО систем на воздушни прелети тогаш чека 6 дена за да преземе нешто и проблемот ќе го решава на редовна седница идниот вторник”, пишува Момироски користејќи го хаштагот
#АхБеТачеШупелкоЕдна со што сака да укаже дека премиерот Ковачевски нешто крие или не е дораснат на ситуацијата.
Според упатени нема никаква пречка Владата уште вчера или најдоцна утрово да одржи вонредна седница
Ковачевски му дал 5 дена на Ахмети да ги уништи доказите за криминал во Контрола на летање
Поврзани вести
Целата фотографија во текстот за однесувањето на Али по настанот со потенцијален тероризам
Што правел Ахмети на денот кога негови луѓе тепале во најдобро чуваната македонска институција?






