Новинарот на емисијата Заспиј ако можеш на ТВ Алфа и колумнист на expres.mk Горан Момироски со отворено прашање до директорите на австриската компанија ЕВН која воопшто не го пријавила лидерот на ДУИ Али Ахмети кој нелегално си приклучил продолжен кабел во орманчето за струја на ЕВН.
“Сакам да ги прашам јавно директорите на ЕВН Македонија Штефан Петер, Јирген Флајшхакер, Сашо Стојковски и другите што ќе се случи ако австрискиот вицепремиер Вернер Коглер иначе од Зелените, приклучи продолжен кабел на орманчето за струја. Ќе го пријават ли во австриската полиција , ќе падне ли владата или ќе го уапсат веднаш?
Со непостапувањето против Ахмети кој сам си приклучил кабел во орманчето , ( иначе исто така зелен) овие луѓе прават срам за ЕВН ама срам и за Австрија а сите нас не прават будали.
Осеќам работава ќе оди преку Курц а и потаму”, пишува Момироски користејќи го хаштагот
#ПравнаДржава и на германски јазик.
#Rechtsstaatlichkeit
Предходно ЕВН објави дека била направена проверка во домот на Ахмети но немало неправилности.





