Момироски: Со кривичните пријави сакаат да нè елиминираат како релевантни извори за криминалот на власта

Коментирајќи ја кривичната пријава и постапката која се води против него, како и кривичните пријави против други новинари, Горан Момироски, во емисија „Прашањето ми е следно“ на Инфомакс истакна дека власта се обидува критички настроените новинари да ги елиминира како релевантни извори за криминалите на актуелната Влада.



„Ние не сме од сега антидржавни елементи и криминалци. За антиджавни елементи и криминалци не прогласи лани, во јануари Богданка Кузевска. Зборувам за екипата на Алфа телевизија. На официјална прес конференција на владеачката партија пред 20 месеци ние бевме прогласени за антидржавни елементи. Без никакви докази, без никакви аргументи. Тоа укажува дека оваа ситуација сега, ти (Митовски) си веќе осуден, Златев е во процес, јас сега почнувам, е подготвувано подолго време, со тоа што, ми се чини дека планот малку им се измести со катастрофалниот пораз на СДСМ. Тие сакаа во периодот до редовните парламентарни избори да не елиминираат како релевантни извори кога зборуваме за корупција, за криминал, за непотизам, за разни видови видови криминал во владата. Меѓутоа народот не можете да го излажете“, изјави Момироски.