Во емисијата “Заспиј ако можеш” на ТВ Алфа вчера новинарот и колумнист на Expres.mk Горан Момироски откри постоење на видео од внатрешноста на изгорената модуларна болница во Тетово во моментите кога почнува пожарот кое дава одговори на многу прашања поврзани со трагедијата во која живи изгореа 14 луѓе.

Момировски не го објавува видеото со образложение дека не сака да ја попречува истрагата но откри дека во него се гледа како почнал пожарот и дека од видеото може да се донесат многу заклучоци важни за обвинителите кои го истражуваат случајот.
Новинарот тврди дека се работи за драматично видео кое открива дека во моментите на почетокот на трагедијата се гледаат тешко болни пациенти и медицински персонал во една од собите на модуларната болница каде бил направен обид за евакуација.
Делот за досега непознатото видео од почетокот на пожарот во Тетово почнува на 20 од снимката на линкот
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=3067604213523652&id=280284355399866






