Со евентуално прифаќање на француско – бугарскиот предлог од страна на СДСМ (Јасно е дека ќе мине во Софија) Ковачевски ги елиминира сите актуелни социјалдемократски функционери од политика во наредните најмалку 10 години, пишува новинарот на емисијата Заспиј ако можеш на ТВ Алфа Горан Момироски.
Според Момироски при секоја идна бугарска блокада во ЕУ, ако некој од првенците на СДСМ остане во политиката, нема да можат да велат дека не знаеле што ќе се случува.
,,Ако сега премолчат и го поддржат Ковачевски ќе треба да молчат и црвенеат цел живот затоа што сега сите јасно и гласно им кажуваме дека Бугарија е таа која што ќе ја контролира македонската евроинтеграција и ќе не уценува да станеме Бугари пред влезот во ЕУ”, пишува Момироски кој ги користи хаштазите:
#ДаНеРечатНееРечено
#ДаСиЗнаетеСоВреме






