Момироски: Како изреката ,,Кадија те тужи кадија те суди” стана ,,КаДУИ те тужи Кадуи те суди”

Новинарот на Заспиј ако можеш Горан Момироски со свој коментар на изборот на човек близок на ДУИ на местото шеф на Обвинителството за организиран криминал.



Веќе не се вика Кадија те тужи, Кадија те суди. Нова османлиско актуелна изрека со која се опишува македонското правосудство:
,,Кадуи те тужи, кадуи те суди”, пишува Момироски кој ги користи хаштазите:
#каДуиТеЧекаНаАпелацијаИВрховен”
#И8%еПремногу

Со изборот на Ислам Абази за наследник на Русковска во најважното обвинителство ДУИ има свој луѓе во десетина најважни правосудни институции каде може да влијае на било кој процес од предистраги со до највисоката инстанца Врховниот суд.

Првата честитка за изборот на Абази дојде од заменикот министер од ДУИ Агим Нухиу кој подоцна ја избриша сликата со новиот шеф за организиран криминал.