Новинарот на емисијата ,,Заспиј ако можеш” Горан Момироски денеска го објави името на функционерот на СДСМ кој знаел за измамата на Бектеши за рудникот Иловица – Штука и за тоа (не) ја информирал Бихаќка.
,,Овој човек се вика Зоран Маневски и врши функција заменик министер за економија. Овој кумановец сограѓанин на Ковачевски и Спасовски ги има сите информации за спојувањето на концесиите за Иловица и знаел дека Бектеши лаже на седница на владата за рудниците на смртта”, пишува Момироски според кого е неверојатно дека Маневски не го информирал премиерот Ковачевски за катастрофата што Бектеши ја подготвувал на владината седница со која илјадници луѓе можат да заболат или ќе умрат во струмичко ако се отворат рудниците на смртта.
,,Маневски имал пристап до сите податоци кои јасно му предочиле за катастрофата што се подготвува.
Зошто министрите од СДСМ лажат дека биле излажани од Бектеши кога нивни човек ги имал истите информации како и министерот е посебно прашање за кое еден ден ќе се најде одговор”, пишува Момироски кој ги користи хаштазите:
#РуднициНаСмртта
#ИловицаШтука
#ЌеГоритеВоПеколот





