Министерка за култура или министерка за неписменост и незнаење?
Бисеро моме Бисеро, не го гнаси името на великанот Ферус.
Прво, не се вели СаксАфон туку Саксофон, второ Ферус не е легенда и крал само на ромската, туку и на македонската, балканската и светската музика.
#НеРезилиСеМинистерке
#ДоГледањеМаестроФерус
Реакција на новинарот на емисијата Заспиј ако можеш Горан Момироски на постот на министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска која во последниот поздрав до Ферус Мустафов направи најмалку две грешки кои една министерка за култура не смее да ги направи






