Катастрофалните критики на Европската комисија за владата во годишниот извештај за напредокот на Македонија го инспирира новинарот на ,,Заспиј ако можеш” Горан Момироски да даде тешка и иронична оценка за ситуацијата.
,,Да ти напише ЕУ во годишен извештај дека немаш никаков напредок во борбата против корупцијата треба или да си направиш харакири, да дадеш оставка или да се скриеш во некоја дупка до Велигден. Освен ако Мицкоски не ги држи во заложништво во некој манастир во кичевско Фон дер Лајен, Шарл Мишел, Борел и целата комисија”, пишува Момироски кој го користи хаштагот
#ЦелБриселВмровскиГрад за да ја искоментира информацијата дека Ковачевски и владата немаат никаков напредок во борбата против корупцијата цела година.






