Момче на возраст од 20 години од струшкото село Велешта е меѓу загинатите во терористичкиот напад во Виена.
Младиот Неџип Вренези е третата жртва која загина во синоќешниот терористички напад во Виена, пренесуваат повеќе медиуми.
Момчето, според информациите од Виена, било застрелано од страна на терористите во моментот кога од кафулето излегол надвор да пуши цигара.
Еден од терористите извршители на нападите во кои загинаа 4 лица е Кујтим Фејзулаи (20) по потекло од Македонија, роден во Виена, претходно осудуван поради врски со Исламската држава.





