Стотици маскирани демонстранти учествуваа на демонстрациите во Источен Париз на Денот на трудот. Некои од нив ги скршија прозорците на ресторан за брза храна „Мекдоналдс“ и фрлаа молотови коктели, објави Ројтерс.



Француската полиција предупреди за можни судири со екстремистички анархистички групи, познати како Black Blocs, откако на социјалните мрежи се појавиле повици за „Ден на рволуцијата“.