Протести и обид за напад врз куќа на пратеникот на СИРИЗА Бетис Скуфа се случија вечерва во грчкиот град  Катерини.



Според „К-news.gr“, преку 600 демонстранти започнаа марш од главниот плоштад во градот и се упатија кон куќата на пратеникот во знак на протест поради денешното изгласување на Преспанскиот договор.

Демонстрантите се судрија со полицијата која на „молотовите коктели“ одговори со солзавец.

http://www.kapa-news.gr/2019/01/blog-post_750.html