Македонска државна делегација предводена од претседателот на Собранието Талат Џафери и црковна делегација предводена од архиепископот на МПЦ- ОА господин господин Стефан денеска престојуваат во Рим на традиционалната манифестација во чест на Св. Кирил.
Изутринава ќе биде одржан Молебен во Базиликата Сан Клементе и ќе биде положен венец на гробот на Св. Кирил, а потоа е предвидена аудиенција кај Папата Франциско.
Попладне македонска и бугарска делегација ќе положат цвеќе пред плочата на Република Северна Македонија во чест на Св.Кирил во Базиликата Санта Марија Маџоре, а за вечер е предвидена уметничка програма.
Во државната делегација покрај Џафери а се и вицепремиерот Кочо Анѓушев, како и пратениците Крсто Мукоски, Јован Митрески, Никола Мицевски, Ејуп Алими и Ирена Стефоска…




