Моќниот Сорос се фокусира на Балканот и пост СССР, се повлекува од ЕУ

Фондацијата Отворено општество (@OpenSociety) на милијардерот Џорџ Сорос речиси целосно ги затвора операциите во Европската унија, известува американскиот државен медиум Радио Слободна Европа на унгарски јазик (@RFERL).



Според писмото испратено до унгарските партнери минатата недела, раководството на Фондацијата Отворемо Општество „одлучило за радикална промена на стратегијата“.

Во писмото се тврди дека институциите и владите на Европската унија трошат многу пари за истите прашања како и Сорос.

Наместо тоа, организацијата основана од Џорџ Сорос ќе се фокусира на Балканот, постсоветските земји и остатокот од светот.

„Според писмото што го поседуваме, дури и во рамките на ОСФ малку се знае за деталите, како што е времето на повлекување или што ќе се случи во земјите на ЕУ каде што не е точно дека институциите и владите на ЕУ трошат значителни суми за човековите права. или прашања за различностите. Бидејќи OSF треба да се реструктуира следната година, неговите европски програми би можеле да престанат веќе во 2024 година“, пишува РСЕ.

Во Македонија Фондацијата Сорос важи за блиска на СДСМ и се очекува оваа партија пред изборите идната година да добие сериозна поддршка од моќната финансиска, медиумска и невладина мрежа која е финансирана од Џорџ Сорос и неговата фамилија.

Фондацијата сега ја води неговиот син Александар Сорос кој има редовни средби со челниците на СДСМ.