Метеопрогнозерот Славчо Попоски за Плусинфо вели дека моќен циклон за време на викендот, кој ќе биде проследен со силен ветер и интензивни врнежи, па поради тоа може да се очекуваат поплави во некои делови од земјата…



„Македонија треба да се подготви за моќен и длабок циклон кој ќе услови силен јужен и југоисточен ветер, интензивни врнежи од дожд како и локална појава на грмежи“, вели Попоски за Плусинфо.

Тој напоменува дека овие атмосферски процеси локално би можеле да бидат застапени во форма на невреме, а можни се и нови локални поплавувања слични на оние кои неодамна се случија во Тетовско.

Според него, во почетокот од следната седмица на планинските места и скијачките центри, под влијание на студен воздух од север, ќе има нови обилни снежни врнежи и нова значително поголема снежна покривка.

Од Управата за хидрометеоролошки работи потврдуваат дека под влијание на влажен бран, за време на викендот ќе има врнежи од дожд, кои на места повремено ќе бидат пообилни, особено в недела.