Божидар Божиновски, алијас Моџо Килингтон, со „циклус“ урнебесни објави на Фејсбук на тема „Македонија и вакцините за Ковид-19“.
„Легнувајте пошто утре треба порано ред да се фаќа за вакцинација“;
„Досега никој во Македонија немал нуспојави од вакцина за Ковид! Свака час“;
„’Владата донесе одлука: вакцинацијата ќе се одвива во три фази’ Денес ова: Во прва фаза ќе нема вакцини. Во втора фаза ќе нема персонал да вакцинира. Во трета фаза ќе нема народ да се вакцинира“;
„Се запнавте за вакцини ко којзнае шо светла иднина ве чека“;
„Вакцините заглавија на Стража“;
„’Вакцината може да ја промени ДНК-та’
Се гледам во огледало и мислам на полошо од ова не е фармацијата до толку развиена…“;
„Први треба да се вакцинираат основците! Пошто дур стигнат вакцините, тие ќе влезат во ризична група со години“;
„’Ја разгледуваме можноста за кинески вакцини’ – Филипче
Ако, не се брзајте. Разгледајте и по други бутици. Кина до 8 работи, тука сме“;
„Убо шо не донесоа вакцини, сега на дождот ќе чекавме, ќе настиневме“.






