„Модерна“ спрема бустер вакцини и за „Омикрон“!?

Модерна веќе подготвува бустер вакцина против новата варијанта на КОВИД-19.



Работата на производот напредува брзо. Ова е порака објавена на веб-сајтот на компанијата.

Податоците од тестирањата се очекуваат за неколку недели.

Вчера Светската здравствена организација (СЗО) објави дека ќе го класифицира новиот вид B.1.1.529 COVID-19 како „загрижувачка“ варијанта на коронавирусот и го назначи со грчката буква „омикрон“.