„Модерна“ развива комбинирана вакцина против Ковид и грип

Фармацевтската компанија „Модерна“ објави дека развива нова комбинирана вакцина со „бустер“ доза против Ковид-19 иекспериментална вакцина против грип.



„Веруваме дека имаме голема можност пред нас, ако можеме да пласираме високоефективна, општа годишна анти-респираторна вакцина“, рече извршниот директор на „Модерна“, Стефан Бансел.

„Веруваме дека Модерна би можела да биде прва на пазарот со оваа многу важна можност“, рече тој пренесе Ројтерс.

Клиничките испитувања веќе се во тек а Компанијата веќе спроведува клинички испитувања на вакцини против респираторни заболувања кај постари лица.