Модерна басна: Како мравката остана без работа

Еднаш, одамна, си живеела една вредна Мравка, кој секојдневно доаѓала на работа, достоинствено си ја вршела работата, била весела  и реќена додека работела. Пееше весели песни, а резултатите од нејзината  работа беа одлични.



Слушајќи ја песната на Мравката, директорот на фирмата Стршленот, заклучил дека мравката премногу се забавува  и премалку работи, бидејќи не е соодветно насочена и нема шеф кој би ја контролирал.

Затоа, ја вработил Бубамарата кој имала одлично искуство во управувањето. Првата задача ѝ беше да ја организира евиденцијата на пристигнувања и заминувања на мравките на и од работа. За таа цел воспостави систем на прием и испраќање документи. Со тек на време, бројот на документи се зголемуваше и поради зголемениот обем на документација мораше да ангажира некој да ги подготвува документите и извештаите.

Така, го вработија Пајакот, која веднаш воспостави систем за архивирање и стана одговорен и за преземање телефонски повици.

А Мравката?  Таа сѐ уште работеше како порано. Извештаите доставени од Бубамара беа извонредни. Директорот Штрлен беше воодушевен од извештаите што ги примаше од Бубамара и наскоро почна да бара: компаративни студии со графикони, анализа на развојните трендови итн.

Со цел да се задоволи барањето на директорот, неопходно беше да се вработи Хрчакот како  директна помош на директорот. Веднаш му купиле нов компјутер со печатач.

Среќна и достинствена, Мравка сѐ уште работеше како порано. Само – се пожали дека ќе ѝ биде полесно да има компјутер. Се разбира – не одобрија. Ова беше првпат Мравката да се жали на нешто, а директорот Стршлен веднаш сфати дека е неопходно да се реагира брзо.

Тој отвори ново работно место , шеф на служба која ќе ја  надгледува среќната и вредна мравка и на тоа место го назначи – Штурецот.

Веднаш по неговото доаѓање, тој го замени целиот мебел во неговата канцеларија и, нанегово  барање, доби стол со ергономски облик и нов компјутер со рамен LCD екран.

Бројот на компјутери  се зголемен, па морало да  биде купен мрежен сервер.

Новиот шеф на персоналот сфатил дека итно е потребен апомошник (кој, патем, бил негов асистент во претходната фирма). И така ја ангажирал Стеницата.

Во меѓвреме, Мравка стануваше се помалку и помалку продуктивна. Таа повторно бараше компјутер. И пак не ѝ одобрија…

Ситуацијата со Мравката го вознемири Штурецот и зтој аклучи дека треба да нарача студија за задоволување на вработените во компанијата. Зкажа ссостанок со директорот Стржлен, кој го разбра објаснувањето и одобри ангажман на агенцијата за овие потреби.

Скапата студија беше нарачена и Штурецот почна да ги применува предложените мотивациони методи. Насекаде тој постави мотивациони постери.

Ги водеше Бубамараа, Пајакот, Хрчакот и Стеницата на мотивациони обуки во познати одморалишта, итн …

А, Мравката продолжи со работа, но рабпотеше без волја.

Ги прочита мотивационите пораки на постерите но не можеше да ги најде претпоставените кога ѝ беа  потребни. Тие едноставно или не биле таму или немале време за неа. …

Извршниот директор Стршленот,  продолжи редовно да ги прима совршените извештаи на редовна основа, но тие почнаа да покажуваат дека компанијата веќе не е толку профитабилна како порано. Длабоко се вознемири и мораше да реагира и го најми иајелитниот консултант – Бувот.

Задачата на Бувот беше да спроведе целосна анализа на организацијата и работењето на компанијата и да предложи решенија за профитабилност на компанијата.

 По три месеци, Бувот го предаде следниот извештај на директорот:

„Во фирмата има премногу вработени“!

Директорот Стршлен одушевено ја прифати експертската анализа и веднаш ја отпушти: МРАВКАТА.