Мобинг на Музичката академија, професорка нападната за личен став

Деканот и продекани на Музичката академија во Скопје вчера критикувале професорка за нејзини статуси на социјалните мрежи, објави жртвата на вербалниот напад професорката Дарија Андовска.



“Денес, на состанок на катедра, се зборуваше за моите фб статуси буквално половина час. Официјално, со декан и со продекан.

Со неосновани напади и измишљотини, да знам дека не сум “симпатична”.

Да нема недоразбирање, НЕ се зборуваше за мојата професионалност и работа, туку за мој личен став и мислење на мој приватен профил.

На состанок на катедра.

Толку околу нивото на професионалност, колегијалност и, на крајот, демократија и човечност.

Ама фала за вниманието ?”, пишува Андовска која лани за својата работа го доби највисокото признание од Сојузот на композитори на Македонија а сега е предмет на напади за нејзините лични ставови.

За притисоците врз професорите кои не и се наклонети на власта зборува и професорот Сони Петровски.

“Седницата најмалку личеше на академска, а токму деканот и продеканите наметнаа атмосфера во која од позиција на сила им се нафрлија на сите нивни гласни неистомисленици. Оваа ротирачка гарнитура ќе остане запаметена по константното вербално насилство, заканите, притисокот и мобингот врз неистомислениците, самоволието, злоупотреба на службената должност и непочитување на законите (иако не завршува на овие елементарни непогоди). И пак ќе не обвинат за ширење дезинформации!”, вели Петровски.