Лицата кои од синоќа се сместени во касарната „Пепелиште“ во Криволак во текот на денешниот ден ќе бидат преместени на нова локација, информираше Министерството за одбрана.



Од Министерството велат касарната е само привремен простор каде се вршат епидемиолошките прегледи. Откако утрово ќе бидат завршени прегледите на лицата сместени таму истите ќе бидат префрлени во реновираниот завод во Демир Капија.