МНР започнува истрага за гафот на македонската амбасада во ЕУ

Министерството за надворешни работи ќе спроведе истрага и ќе ги казни луѓето кои предизвикале срам и дипломатско понижување за Македонија откако вчера на официјалниот твитер профил на амбасадата во ЕУ во Брисел беа давани сугестии за наоѓање лек за главоболка.



Изворите во МНР кои откриваат како ќе реагира земјата на гафот на мисијата на Македонија во ЕУ тврдат дека многу лесно ќе се идентификуваат луѓето зад инцидентот затоа што малкумина имале пристап до Твитер профилот на амбасадата.

Инцидентот се случи вчера на денот кога Македонија доби уште една блокада од Бугарија за влез во Европската Унија при што јавноста преку Брисел беше информирана за официјалното бугарското барање во целост да се откажеме од својот идентитет.

Засега неидентификуван вработен во македонската амбасада во Европската Унија кого сега го бара ЕУ на Твитер од официјалниот профил на амбасадата споделуваше совет како да се најде лек за главоболка што не е дел од обврските на македонските дипломати.

Други извори во МНР кои ја потврдуваат информацијата за интерната истрага велат дека дипломатскиот гаф на Твитер може да биде искористен и за менување на луѓе кои биле блиски на екс министерот Никола Димитров и за именување на луѓе блиски на новото раководство на МНР кое доаѓа од ДУИ и ДПА.