МНР со реакција на предизборниот спот на партијата на Каракачанов

Министерството за надворешни работи побара официјална Софија да се огради од предизборниот спот на партијата на Красимир Каракачанов ВМРО-БНД, во кој е претставен Охрид што претставува директни територијални претензии кон Македонија.



Ова е вторпат како партијата на поранешниот министер за одбрана на Бугарија, Каракачанов во изборната кампања има спотови во кои се вели дека Македонија е бугарска.

„Очекуваме официјалните претставници на Република Бугарија да се оградат и ги осудат ваквите настапи на една од потенцијалните политички учесници во највисокиот дом на Бугарија“, стои во реакцијата на МНР.