Министерството за надворешни работи деновиве објави интерен повик за пројавување интерес за позицијата амбасадор на Македонија за непополнетите амбасадорски места и за оние кои ќе се испразнат годинава, потег кој за дипломатите е фарса или брзоплета реакција откако ги „баталија“ и ги оставија празни амбасадите во Москва, Вашингтон, Софија, Белград…, објави МКД.МК.
„Интерниот повик за пројавување интерес за позицијата вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Северна Македонија, е за вкупно 17 амбасадорски места кои се моментално непополнети или се испразнуваат во текот на 2022 година е објавен на внатрешната страница на Министерството, на 18 јануари 2022 година“, изјавија од МНР за МКД.Мк.







