МНР потврди дека се протерани тројца руски дипломати

„На 12 септември, во Министерството за надворешни работи беше повикан Амбасадорот на Руската Федерација кому му беше врачена дипломатска нота, со која тројца дипломати во Амбасадата на Руската Федерација во Скопје беа прогласени како непожелни во државата (persona non grata).



Македонија протерува тројца руски дипломати и еден свештеник

Ваквата одлука е донесена по информациите добиени од надлежните органи за преземени активности кои се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи“, се вели во соопштението на МНР.

Портпаролката на руското МНР, Марија Захарова Захарова го овалификува потег како „непријателски и неодговорен“ и порача дека нема да остане без одговор.

„На 12 септември властите на Северна Македонија, без објаснување на причините, прогласија тројца дипломати на Руската Амбасада во Скопје за «persona non grata». Неодговорниот и непријателски чекор на властите на Северна Македонија нема да остане без одговор“, се вели во твитот на Захарова.