Министерство за надворешни работи соопшти дека досега не е стигната информација дека меѓу загинатите или повредените во несреќата има и државјани на Република Македонија.
„Амбасадата на Република Македонија во Атина и Генералниот конзулат во Солун се во комуникација со надлежните органи во Грција, од каде чекаме и официјални информации за состојбата околу трагичната несреќа.
Министерството останува отворено за реакција на барање на наши државјани, кои поради било какви причини предизвикани од несреќата им е потребна итна асистенција.
МНР соопшти дека 24 часа се на располагање три телефонски броја на нашите дипломатски претставништва во Грција:
+30 6655191321 во Атина;
+30 6987200410 во Солун;
како и СОС телефонот на МНР во Скопје +38975273732.







