Министерството за надворешни работи реагира со соопштение за наводите во медиуми, според кои во пратка означена како дипломатска пошта на Министерството, во камиони се носеле и шверцувале цигари и пијалоци.
„Изминативе неколку дена во јавноста се појавија информации од повеќе места за наводна злоупотреба на дипломатска пратка. Дозволете да информираме дека во рамките на Министерството за надворешни работи дадена е насока на нашите служби да ја прегледаат целата документација, да се проверат сите информации од страна на дипломатско конзуларните претставништва, со цел проверка на ваквите навод“, це вели во соопштението од МНР..
Од МНР велат дека според првичните информации добиени во изминативе два дена, не е најдена никаква трага во Министерството, за евентуална пратка која би можела да биде основа за злоупотреба, се вели во соопштението Министерствотоза надворешни.






