Вработените во Министерството за надворешни работи (МНР) ќе користат електрични тротинети како пример за одговорно однесување кон животната средина и проблемот со аерозагадувањето, соопшти на Фејсбук министерот за внатрешни работи, Бујар Османи.
„Зелена дипломатија – новото нормално
Промоција на електричните тротинети, кои ќе ги користат вработените во МНР, како пример за одговорно однесување кон животната средина и проблемот со аерозагадувањето.
Практичноста од употребата на ваков тип на превозни средства се добива со едноставен преглед на локациите на државните институции, при што веднаш се забележува дека во дијаметар од 1-2 километри се наоѓаат 90% од нив, кои секојдневно се упатени на соработка, состаноци и координации.
За вакви секојдневни кратки дестинации, треба да се обидеме, колку можеме повеќе и колку ни дозволуваат околностите, да се користи велосипед, електричен тротинет.
Преку вакви примери, си помагаме себе си, ќе им ослободиме простор на другите, ќе ѝ помогнеме на околината и на природата, за да имаме почиста животна средина, напиша Османи на Фејсбук






