МНР и владата тивки за бугарските навреди во “Белата книга”

Македонските власти молчат за вчера објавената Бела книга за наводните масовни репресии против Бугарите и бугарскиот јазик во земјава. Според оваа книга, македонскиот јазик е скопска норма.



Во Софија вчера е презентирана таканаречената „Бела книга за јазичниот спор меѓу Република Северна Македонија и Бугарија“ која треба да се преведе на неколку јазици и да се шири во светот за да ја засили бугарската пропаганда во однос на нашата држава и да ги убеди земјите во Европа во вистинитоста на аргументите околу бугарскиот карактер на нашиот јазик. Белата книга за јазичниот спор ја напишаа тројца автори од Република Македонија, тројца од Бугарија и по еден од Албанија и Србија. Главната цел на објавената „Бела книга“ е надминување на слабоста на бугарската надворешна политика – недостатокот на аргументација околу изнесениот став за идната европска интеграција на Скопје.

„Со Република с. Македонија се чини дека има нешто што не е доречено и завршено во последниве години, иако ова не е само во последниве години. Но, фактот дека е толку видлив и секогаш во фокусот на вниманието на јавноста, мислам дека ќе помогне да се реши во крајна сметка. Тоа воспитување на генерации сп омраза кон Бугарија и Бугарите е основа на нашиот проблем“, изјави вчера министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, интервју за 24 Часа.

Премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Бујар Османи не се спротивставија остро на последната провокација од Софија која е спонзорирана од бугарската влада.