МНР и МВР не демантираат преписка со Берлин за “Жолто комбе” – друг голем скандал во најава (ВИДЕО)

Министерството за надворешни работи и МВР не демантираат дека меѓу официјални Берлин и Скопје се водела официјална преписка за случајот “Жолто комбе” кој две години го истражува обвинителката Гордана Смаќовска.



Во вчерашната емисија Заспиј ако можеш новинарот Горан Момироски откри дека меѓу македонските власти и германските институции се водела кореспонденција за случајот со македонски оперативци во комбе на МВР кое било поставено во близина на германскиот бундестаг во Берлин.

Оперативците биле со двојни македонски пасоши чие издавање го истражува обвинителката Смаќовска која сега има шанса со споредба на издадениот пасош за аферата “Ерменскиот Вице Заев” да дојде до целата вистина за злоупотребите го МВР.

Документите за аферата Жолто Комбе односно за оперативци на МВР кои следеле цели во повеќе држави во и надвор од ЕУ се пронајдени при претресот на домот на пратеничката Фросина Ременски за предметот Меѓународен сојуз.

Иако правосудните органи на почетокот на судењето за овој случај се обидоа да ги скријат документите од Меѓународен сојуз за аферата Жолто Комбе сепак тие ќе излезат пред јавноста во текот на процесот затоа што веќе се прифатени во доказната постапка.

Според Момироски се работи за огромен скандал во кој македонски оперативци подолг период следеле институции и ситуации во земји пријатели на Македонија.

Момироски се сомнева дека обвинителката Смаќовска одговорна за гонење криминал на полициски службеници можеби не е информирана за преписката меѓу Берлин и Скопје и ѝ посочува да се заинтересира за случајот.

Смаќовска цели две години се занимава со скандалот но досега не излегла со конкретни јавни чекори или обвинение.

Според јавно достапните информации кои досега не беа демантирани од никого македонските служби работеле за трета земја која не е членка на НАТО.

Момироски во емисијата прашува и дали оперативците на МВР со жолтите комбиња биле во Ерменија пред да се случи скандалот со тројцата македонски дипломати.

Дел од емисијата

Целата емисија овде

https://www.facebook.com/AlfaTelevizijaMk/videos/980354699194214/

Колумна на Момироски со сите детали за аферата Жолто комбе објавена во Мај која никој не ја демантираше а за неа предходно објави и емисијата Код на Снежана Лупевска.

Не го слушавте Прибе, ќе слушате скандали во УБК/АНБ/МВР – пишува Горан Момироски