За прв пат во историјата, мнозинството српски граѓани се против влезот на земјата во Европската унија, покажува истражувањето на агенцијата Ипсос.
Причина за тоа се притисоците што Србија ги трпи од ЕУ, а се однесуваат на воведувањето санкции против Русија.
Според истражувањето на споменатата агенција, дури 44 отсто од граѓаните се против евроинтеграциите, додека 35 отсто се за интеграции, а останатите 21 отсто не знаат или не сакаат да се изјаснат.
По правило, поддршката за пристапување во ЕУ доаѓаше во кризни ситуации – кога растеше притисокот околу Косово или кога беше прогласена пандемија на коронавирус, пртенесува Б92.
Сепак, колапс на поддршката никогаш не се случил како во последните недели.
Марко Уљаревиќ, директор на Ипсос, вели дека „Колку што Србија беше успешна во балансирањето на својата меѓународна политика во последниве години, сегашните околности се такви што секојдневните притисоци Србија да одлучи и да се приклучи на санкциите кон Русија, секако ги одредува граѓаните да одлучуваат поинаку кон Унија.
Тој вели и дека ни Русија не седи со скрстени раце, туку ја користи својата мека моќ, која доаѓа пред се од енергетската зависност на Србија, но и поддршката во меѓународните организации поврзани со статусот на Косово, но тоа не е видливо за јавноста“.







