Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи ја осуди одлуката на Македонија да не му дозволи влез на бугарскиот европратеник Андреј Ковачев на 6 мај.
„Го осудуваме одбивањето за влез на европратеникот Андреј Ковачев во Северна Македонија на 6 мај. Ја повикуваме Владата на Северна Македонија итно да ја расчисти ситуацијата. Одбивањето влез на пратеник во Европскиот парламент е многу сериозна одлука“, објави Вархеи на Твитер.






