Меѓународниот монетарен фонд, во своите заклучоци по посетата на нивната Мисија на нашата држава, gi испорача и првите критики до Владата.
Напуштањето на прогресиовниот данок и зголемувањето на платите во администрацијата и на пензиите, што се планира од идната година би можеле да ги поткопаат неодамнешните придобивки што беа направени во делот на фискалните политики.
Забелешки има и за зголемувањето на минималната плата, од ММФ велат нема значајно да ја намали сиромаштијата, бидејќи таа е кај невработените, а може да го намали формалнотои вработување.
За мерката МојДДВ се вели дека ќе ги зголеми трошоците, пренесе „Фактор“.





