Меѓународниот монетарен фонд апелира 40 проценти од светската популација да бидат вакцинирани до крајот на оваа година и 60 отсто до јуни 2022 година.
Досега само 9,5 проценти од светската популација примиле барем една доза на вакцина.
ММФ бара да се потрошат дополнителни 50 милијарди долари за да се забрза кампањата за вакцинација против Ковид-19, истакнувајќи дека на крајот тој трошок може да генерира враќање 9.000 милијарди долари во глобалната економија јави Си-Ен-Би-Си.
„Ниту една земја не може да се врати во нормала се додека сите земји не успеат да ја поразат пандемијата“, се вели во новиот извештај на ММФ насловен „Предлог да се стави крај на пандемијата КОВИД-19“.






