ММФ ѝ нуди милијарда евра, Србија не сака!

Меѓународниот монетарен фонд ѝ нуди на Србија заем од една милијарда евра за надминување на коронакризата, но таа смета дека не ѝ треба, откри српскиот претседател Александар Вучиќ.



„Нам не ни требаат пари од ММФ во моментов. Некои други земји во опкружувањето веќе зедоа. ММФ ни нудеше милијарда да земеме, со рочност на 3-5 години и со околу три отсто камата, но тоа нам не ни е потребно и тоа ни е скапо во овој момент. Тоа покажува дека Србија подобро од сите други се носи со ова. Ќе имаме проблеми, но полесно ќе ја пребродиме кризата“, изјави Вучиќ за Радиотелевизија на Србија.

На барање на Македонија, ММФ пред пет дена ѝ одобри итна финансиска поддршка од 176,5 милиони евра.