ММДЧП ќе тужи претставници на НАТО и на ЕУ за „напади врз Македонија“

Македонското меѓународно движење за човекови права најави правна постапка против официјални претставници на НАТО и на Европската унија поради дејства против Македонија.



„Оние кои го слават Денот на човековите права додека истовремено учествуваат во масовни прекршувања на човековите права треба да бидат осудени и дадени на ОДГОВОРНОСТ. Ние од ММДЧП покренуваме правна постапка без преседан против официјални лица на НАТО и на ЕУ за нивните напади врз Македонија. Наскоро повеќе информации“, најави Бил Николов, претседател на движењето од Канада што жестоко го брани името на Македонија и бара човекови права за угнетените Македонци на Балканот под паролата „Нашето име е Македонија“.