Младите образовани луѓе ѝ се потребни на државата, рече премиерот, ама дали се прави доволно за тие да останат во земјава?!

Денеска на универзитетите низ Македонија почнува новата академската година со низа свечености и симболично одбележување. Со свеченост и врачување на индексите на најдобрите единаесет студенти на медицинскиот факултет, при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје започна првиот академски час. Претседателот на Владата Димитар Ковачевски на студентите им порача да го дадат најдоброто од себе а по завршувањето на студиите да останат во Македонија.



  • Драги студенти и почитувани професори, овде на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, како и на сите државни и приватни универзитети низ државата, каде денеска започнува студиската година. Почитувани проф. д-р Биљана Ангелова, ректор на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј” во Скопје, проф. д-р Светозар Антовиќ, в.д. декан на Медицинскиот факултет при УКИМ, почитувани присутни, Нека е среќен и успешен почетокот на новата, академска 2023/2024 година, рече премиерот од медицинскиот факултет во Скопје.

Студентите ги поздрави и новиот ректор на УКИМ, Билјана Ангелова.

  • Секогаш вложувајте во вашето знаење, тоa е она што ќе ве формира и како личности и како професионалци и е влог кој ќе ви се врати повеќекратно низ животот. Знаењето е единственото нешто кое никој никогаш не може да ви го одземе. Таму всушност лежи моќта на сите промени кои ќе ги направите и за самите себе и за општеството. Јасно ми е дека многу работи од денешна перспектива ќе ви изгледаат непознати, тешки, и ќе ви изгледаат можеби недостижни, но сакам да ве уверам дека ако сте фокусирани, ако имате отворен ум, ако сте гладни за знаење, за вас нема да има никаква пречка. Вие – и секој поединечно и сите заедно, ако сакате и ако си го поставите како цел, можете да го смените светот околу вас, истакна премиерот.

Во меѓувреме го унапредуваме и студентскиот стандард. Преку Министерството за образование и наука доделуваме повеќе различни категории државни стипендии, по различни основи. Најголем дел од категориите на стипендии ги изедначивме на сума од 6.050 денари месечно, што е зголемување за 80% од претходно. За студентите пак кои се запишани на дефицитарни студиски програми по математика, физика и хемија, а од минатата година и на земјоделство, шумарство и ветеринарство – има месечни стипендии во износ од 18 илјади денари. Од лани воведовме стипендии и за студенти на студиските програми за превод, историја на уметност, археологија, ликовна уметност и етнологија и антропологија, во износ од 6.050 денари, рече премиерот во своето обраќање.