Младите ги избркаа, пензионерите ги ставија под тепих, тажна вивисекција на македонската реалност

Колумна на Никола Тасев за Скопско Ехо:



Прилично жешко е во Македонија. Врие дури и во партиските штабови на СДСМ и ДУИ, а и во Владата, која ја претворија во партиски штаб. Иако се вклучени скапите еркондишни на најсилно, се печат министрите, оти и најзаслепените прогледаа дека приказните за двотретинско мнозинство се само нереални басни и оти дале ветување кон ЕУ, што не можат да го исполнат. Сфатија, ама не покажаа доблест да го слушнат гласот на народот, кој порачува никако уставните измени на овој начин. А не покажаа доблест ниту да ја прифатат сламката на спасот понудена од опозициската ВМРО-ДПМНЕ – заедно да го решаваат проблемот, што власта сама го создаде. Мислеа дека опозицијата ќе се пржи под притисоци, ама испадна дека тие се во врелата тава.

Жешка ќе е и есента во Македонија. Пука државата на сите полиња: политичка криза, колапс на економијата, растат цените, инфлација, социјалата е во бездна… Народот е загрижен – исплашен како ќе се преживее годинава, ама на власта „ич да не и чуе“. Неа проблемите на граѓаните не и се приоритет. Зафатени се со тоа да ни толкуваат што кажал Макрон или Мишел, какви пораки до Македонците пренеле европските челници… Всушност, главен проблем им е со каква пропаганда да излезат од врелата тава.

Додека министрите се шетаат низ Македонија со караванот за да ги објаснуваат придобивките од Европската Унија, шетаат и пензионерите. Во Свети Николе, во Делчево, во Неготино, во Прилеп… штрајкуваат нашите родители, дедовци и баби за некој од власта да го слушне нивниот глас. Бараат достоинствен пензионерски живот. Со право, оти го заслужуваат. Тие се луѓето што го градеа сето она што сега власта полека, полека го растура. Ама заслепените од власта и со ушите имаат проблем.

Целата колумна на Тасев на Скопско Ехо