Младеновски: За Бугарите Самоил е бугарски цар, како заедно да го чествуваме!?

Во моментов не знаеме што се подразбира под заедничко чествување на личности од историјата и дали тоа ќе значи признавање од македонска страна, дека двата народа навистина имаат заедничка историја, на што Бугарите инсистираат во преговорите, вели историчарот Мире Младеновски.



„Самоил е завршена работа“ велат бугарски историчари

„Тешко е да се говори без факти и да се прават предвидувања за конкретна работа, но заедничкото чествување на средновековните историски личности, може да значи и признавање на заедничка историја на Македонија и на Бугарија.

Сè зависи од тоа како ќе бидат организирани чествувањата. Тука се работи за историски личности од сесловенскиот период, кои се прославувани од сите словенски народи и нема ништо спорно во тоа тие да бидат заеднички чествувани.

Но, за жал на нас ни е познат бугарскиот став за овој дел од историјата и нивното поимање дека тука се работи за бугарски цар и бугарски просветители, па тешко ќе оди тоа.

Знаете, кога нешто се работи премногу тајно, тоа не наведува на добронамерност“, вели Младеновски за „Плусинфо“.