Младеновска: „Макрон е можеби погрешно опишан како психопат, но треба да се има предвид тоа и француската ‘поддршка’ за ЕУ-целите“

„Со своите неколку последователни предлози Макрон упорно ги блокира процесите во Европската Унија, цело време задржувајќи го вниманието на својата личност. Често цитираниот италијански психијатар-психотерапевт и член на Италијанската академија на форензички науки Адриано Сегатори го опишува Макрон како опасен психопат. Тоа е можеби и погрешна дијагноза, но, треба да се има предвид, заедно со некои историски искуства од француската ‘поддршка’ на Македонија, особено при натамошното нејзино позиционирање во сѐ посложените односи на европскиот континент, зашто токму Макрон ѝ е судбина на Македонија.“ – вели Дијана Младеновска во својот коментар со наслов „Разиграниот Макрон“, кој го објави весникот „Нова Македонија“.

Младеновска пишува: „Сѐ уште е свежо сеќавањето на ветото на отворањето преговори со Македонија и со Албанија, кое во 2019 година го стави старо-новиот претседател на Франција Емануел Макрон, со образложение дека Европската Унија треба прво да се реформира и попрецизно да ги дефинира правилата на играта. Тоа предизвика значителен отпор во дел од Унијата. Тогашниот претседател на Европската комисија Жан Клод Јункер го опиша тој потег на Макрон го опиша како ‘историска грешка’. Сега на Макрон повторно му текна нешто, само неколку дена по неговиот реизбор.

„Во говорот по повод Денот на Европа во Европскиот парламент во Стразбур Макрон предложи нова ‘европска политичка заедница’, или ‘’европска втора лига’, како што некои веќе ја преименуваа. Таа ќе вклучува држави што сакаат членство во ЕУ, какви што се оние од Западниот Балкан, меѓу кои и Македонија, но и држави, кои што се излезени од Унијата, или се далеку од членството, какви што се Велика Британија и Украина.“

„Сеопштото изненадување што го предизвика последниот настап на Макрон, во голема мера им дава за право на скептиците, кои велат дека „тој повторно ја искористи говорницата за импровизации“ за да го одложи процесот на проширувањето заради конзервирање на постојните односи во Унијата, бидејќи таквата почиста ситуација ја смета за попогодна за неговата главна игра – преземање на палката што сѐ уште ја држи Германија, по долгогодишното водство на доскорашната канцеларка Ангела Меркел.

„Со неколкуте последователни предлози Макрон упорно ги блокира процесите во Европската Унија, цело време задржувајќи го вниманието на својата личност. Често цитираниот италијански психијатар-психотерапевт и член на Италијанската академија на форензички науки Адриано Сегатори тврди дека францускиот претседател е психопат, нагласувајќи дека дијагнозата не би требало да биде навредлива, но, би требало да биде предупредувачка за сите оние што имаат намера сериозно да се занимаваат со современата европска политика, или да ја анализираат.“

„Проучувајќи ги околностите при неговиот прв избор за претседател на Франција, како и снимките од неговите обраќања, изрази и гестикулации во текот на првиот мандат, професорот воочил манифестации на зголемена хистерија во моментите кога Макрон не чувствувал дека луѓето околу него му се восхитуваат. Според Сегатори, најголемиот проблем е тоа што Макрон навистина верувал во тоа што го зборувал, поради што тој го смета за многу опасен. ‘Како и сите психопати, тој работи само за себеси. Сите други му се само инструменти потребни за да ја докаже сопствената големина.’ – констатира професорот, прашувајќи дали некој е воопшто свесен за опасноста.“

„Сето тоа може да биде и погрешна дијагноза, какви што често им се случуваат на лекарите. Но, треба да се има предвид, заедно со некои историски искуства од француската ‘поддршка’ на Македонија, особено при натамошното нејзино позиционирање во сѐ посложените односи на европскиот континент, зашто токму Макрон ѝ е судбина на Македонија.“

Интернет-врска до целиот коментар:



https://www.novamakedonija.com.mk/mislenja/nas-stav/razigraniot-makron/