Од Владата демантираат дека на вчерашните средби на премиерот Зоран Заев и владината делегација се разговарало за конкретни формулации за одредени прашања, како што објавија бугарски медиуми
„За време на вчерашните работни средби обезбедивме унапредување на меѓусебната доверба и дијалогот меѓу с. Македонија и Бугарија. Овој позитивен исчекор ни овозможи да разговараме за можностите за решенија, за што добра основа е португалскиот предло, пренесува МКД.МК.
Решенијата мора да водат грижа за двете страни, односно да ги адресираат прашањата што се важни и за Република Северна Македонија и за Бугарија. Такви решенија се можни, за да се дојде до нив неопходен е дијалог, а сега еве и дијалогот е повторно на маса.
Оттука, не се точни шпекулациите за наводни формулации за решенија што се споделуваат низ дел од медиумите“, велат за МКД.мк од кабинетот на премиерот Заев.







