Васил Стерјовски, единствениот Македонец пратеник во албанскиот Парламент во изјава за албанската ТВ станица Сот 7, вели дека е загрижен за бугарската пропаганда и напорите на Бугарија да ја асимилира македонската заедница во Албанија.
Обидите на Бугарија да дели бугарски пасоши на Македонците од македонските села од пограничниот дел на Албанија со Македонија се присутни со години.
Во областа Голо Брдо бугарски мисионери се присутни и по основните училишта каде делат книги на бугарски јазик, организираат некакви празнувања со Македонците убедувајќи ги за нивната заблуда дека се Македонци.
Во тоа убедување најсилниот аргумент им е бугарскиот пасош како документ од земја членка на ЕУ и со делење стипендии на основците и средношколците за продолжување на нивното образование во „мајка Бугарија“. Тоа не е нешто ново, но според Стерјовски очигледно е дека и не запира. Напротив“, пренесува МКД.Мк.
Минатата недела и албанскиот премиер Еди Рама во интервју за „Франс 24“ изрази разочарување од бугарската блокада на Македонија и рече дека Албанија станала колатерална штета поради ветото што Бугарија ѝ го стави на Македонија.

а.






