Ена Норнилд, косопственичка на градежната компанија „Дан-Мак“ вели дека била измамена за 250 илјади евра во шемата на Бојан Јовановски-Боки 13 за наводна изградба на пензионерски домови во која ја „поканила“ водителката Лила Филиповска.
„Сѐ почна кога како заштитно лице на мојот козметички салон ‘Мис Ен’ ја избрав токму Лила Филиповска. Тоа беше некаде во почетокот на 2017 година“, ја почнува својата приказна Ена Норнилд за МКД.МК.
Соработката си течела вообичаено, сѐ до летото 2017 година, кога Лила понудила „добра бизнис зделка“ за фирмата „Дан-Мак“.
„Ми рече дека е добра пријателка со Боки 13, кој добил проект од ЕУ за изградба на домови за ранливи категории и за стари лица. Авторка на проектот била Лила, Боки го добил од ЕУ, а јас за да учествувам во проектот, во изградбата на тие домови, требаше да ѝ платам 250 илјади евра…“ вели Норнилд.

Повеќе на следниот ЛИНК




