Министерот за финансии, министерките за одбрана и за образование побарале надополнување на нивните тимови со нови вработени.
Од Министерството за финансии велат дека новите вработувањана 36 лица се неопходни поради зголемен обем на работата. Платите за овие лица ќе се движат од 15.600 за виш рефернет во Управата за имотно-правни работи до 30.000 денари за раководител на одделение во Управата.
Оглас за вработување е распишан и од Министерството за образование. Министерката Царовска има потреба од тројца посебни советници, за образовни политики, за буџетска координација и за односи со јавност. И овие вработувања се на определен период, до завршување на нејзиниот мандат. Тука платите ќе бидат од 50 до 60.000 денари месечно.
Во Министерството за одбрана нема промена на министерската позиција, но министерката Шекеринска бара промена на нејзиниот тим со тројца посебни советници за политички прашања и надоврешна политика за плати од 35 до 50.000 денари.
Сѐ е според законот, велат одговорните лица, секој министр имаправо да си го избере тимот. Сепак, овие нови вработувања не одат заедно со предизборните ветувања за намалување на бројот на врабитените во јавната администрација, јави МКД.МК
Бројот на вработените во јавната администрација е 139.000 лица.





