По вчерашната објава на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски дека „ Македонија е бугарска. Факт, којшто нема потреба да се докажува. Факт којшто Зоран Заев го заборава кога е во Скопје... , порталот Мкд.мк побара одговор од Владата „дали ваквата објава на европратеникот и бугарски политичар Џамбаски ја смета за закана по мирот и територијалниот интегритет и суверенитет на Македонија“.
Во одговорот на Владата се вели: „Владите на двете земји со последната посета на премиерот Заев во Софија упатија јасни пораки дека С.Македонија и Бугарија се посветени да градат позитивни односи и доверба со цел надминување на разликите. Ги охрабруваме сите чинители да се движат по патот на дијалогот и довербата и да помогнат на двата народи и двете држави побрзо да се дојде до посакуваното решение. Сите дејствија на кој било чинител кои одат спротивно од дијалогот, од грижата за другиот и од градењето доверба, се дејствија против добрососедството и против пријателството“.







